Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство и посакува убава иднина за своите деца. Одеднаш, неговиот живот целосно се менува и тој е соочен со интриги, кавги и загуби на блиски луѓе. Сето тоа кулминира кога без своја волја ќе биде вмешан во криминален скандал што води до самиот врв на индиската влада, непосредно во деновите пред почетокот на војната меѓу Индија и Пакистан.
Толку долго патување е приказна за битката што ја води човек за да го зачува своето достоинство во бурни и нечесни времиња. Раскажан во класичен манир, ова е богат, живописен и трогателен роман, награден со признанието за најдобро книжевно дело што го доделува генералниот гувернер на Канада, како и со наградите „Комонвелт“ и „В. Х. Смит“.
„Рохинтон Мистри е исклучителен писател… Со стрпливост и со топол хумор, тој пишува како да слика портрет, прикажувајќи ги ликовите со толку грижа и разбирање што нивните искушенија стануваат наши трагедии.“ - Тајм
„Роман што варира од политичка сатира до длабока семејна сага, напишан преку јасни и прецизни епизоди кои, иако се позајмени од историјата, понекогаш изгледаат почудно од фикција.“ - Њујорк Тајмс
Толку долго патување
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Рохинтон Мистри
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Одаи од орев
Дејството ја следи приказната за Регина Делавале (родена Сикириќ) од раѓањето во 1905 година до смрт..
488 ден 650 ден
Азбуката на куклата
Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предме..
245 ден 350 ден
Разговори во Париз
Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..
300 ден 400 ден
Требаше да си одиш
Во „Требаше да си одиш“ еден млад сценарист, заедно со својата сопруга и со петгодишната ќерка, оди ..
154 ден 220 ден
Ознаки: tolku dolgo patuvanje, rohinton mistri
