Во „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка.

„Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза.

„Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“ - Њујорк Тајмс

„Сензуален, провокативен, жесток, преполн со моќни слики, зачудувачки бои и вознемирувачки прашања – реченица по реченица, ’Вегетаријанка‘ е исклучително книжевно искуство.“ - Гардијан

„Неверојатен и трогателен роман кој на нашата брутална секојдневна реалност одговара со зачудувачки разумни постхумани фантазии.“ - Тајмс

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вегетаријанка

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Хан Канг
  • Достапност: На залиха
  • 330 ден
  • 231 ден


  • 1 или повеќе 231 ден

Слични продукти

Предупредување за содржината

Нил Гејман повторно ја пробива завесата на реалноста и ни го открива таинствениот, сенишен свет што ..

Автор:

300 ден 400 ден

Сакам, значи постојам

Сакам во себе содржи цел еден друг свет на можам! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за под..

Автор:

285 ден 380 ден

Бунтовници

Еден избор може да те трансформира или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во ..

Автор:

315 ден 450 ден

Госпоѓа Бовари

Ема Бовари е убава млада жена што живее здодевно секојдневие, заробена во бракот со просечен лекар и..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: vegetarijanka, han kang