Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи нешто повеќе за нејзиниот живот. Набргу, на Фејсбук тој добива барање за пријателство од мртвата девојка и, заедно со својот пријател, се обидува да сфати дали се работи за шега или за нешто многу понеобично.
Новелата „Барање за пријателство“ претставува интригантен обид на Химонас да изгради жанровски хибрид преку кратка и динамична приказна која го задржува вниманието на читателот од првата до последната страница. Користејќи елементи на трилер и фантастика, „Барање за пријателство“ се потпира врз тензијата како главна движечка сила на краткото и мистериозно дејство раскажано само преку три лика. Инспириран од надреализмот, научната фантастика и класичниот детективски роман, Химонас прави интересен книжевен експеримент и на читателот му нуди вистинско уживање при решавањето на загатките во оваа мала мистерија.
Барање за пријателство
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Танасис Химонас
- Достапност: На залиха
- 220 ден
-
154 ден
-
- 1 или повеќе 154 ден
Слични продукти
Скарлетна студија
Првото дело во детективската серија за Шерлок Холмс кој го воведува читателот во неговиот енигматиче..
225 ден 300 ден
Семејството сепак останува
„Семејството сепак останува“ е роман за извртени бракови, распаднати семејства и смртоносн..
368 ден 490 ден
Убавите девојки танцуваат
Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците..
315 ден 450 ден
Заклучи ги сите врати
Во „Бартоломеј“ ништо не е како што изгледа. Влегувате на сопствен ризик...По низата несреќи што ги ..
300 ден 400 ден
Ознаки: baranje za prijatelstvo, tanasis himonas
