Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуби во неа. Она што почнува како младешка љубовна приказна одеднаш се преобразува во мистерија кога Адам почнува да сонува чудни соништа, толку силни и живи што не може да ја повлече границата меѓу нив и реалноста. Растргнат меѓу сонот и јавето, Адам сè повеќе се сомнева во својот здрав разум…

„Соништата на татко ми“ е хибриден роман кој постојано се трансформира – од метафизички трилер до психоаналитичка пародија, и од надреалистички кошмар до семејна сага. Преполн со симболика и алузии, ова е еден од најдобрите романи на еминентниот словенечки писател Евалд Флисар.

„Соништата врз кои се потпира структурата на овој роман се единствената сигурна трага за дешифрирање на мистериите на семејниот живот, сексуалноста и идентитетот, кои ги истражува овој бескомпромисен роман.“ - Несесери фикшн

„Преку зачудувачки сцени и суптилни психолошки портрети, Флисар храбро ги истражува чудните начини на кои функционира човековата психа.“ - Д’ајриш тајмс

„Книга што има сила на мит: открива суштински вистини на ненаметлив и алегоричен начин, раскажува приказна за доброто и злото и за нашата тенденција почесто да го избираме второто.“ - Дело

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Соништата на татко ми

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Евалд Флисар
  • Достапност: На залиха
  • 290 ден
  • 203 ден


  • 1 или повеќе 203 ден

Слични продукти

Нека играат децата

„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..

Автор:

225 ден 300 ден

Како да бидеш парижанка, каде и да си

Од четири извонредни и успешни Французинки – конечно – свеж и смел поглед на тоа што значи да се бид..

Автор:

490 ден 700 ден

Човек што плаче од смеење

Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нов..

Автор:

320 ден 400 ден

Кандид и Задиг

Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизави..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: sonistata na tatko mi, evald flisar