Сула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии и предавства кои не може да се простат. Така, и двете се соочуваат со прашањето дали најдобрите пријатели, всушност, стануваат најдобри непријатели.
„Сула“ е брилијантно напишан роман што само преку неколку епизоди од животот на главните ликови успева да изгради трогателен портрет на една заедница и на длабоките превирања во душите на двете млади жени. Роман за љубовта, пријателството, неверството, за тајните што не смеат да се споделат дури ни со најблиските. Прекрасно дело на Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература.
„Екстравагантно убаво и живо дело, истовремено смешно и горчливо… како крик преполн со љубов и гнев.“ - Њујорк тајмс
„Токму во ликовите како Сула до израз доаѓаат оригиналноста и писателската моќ на Тони Морисон.“ - Нејшн
„Роман за митските моќи на жените како мајки, заштитнички, вештерки и раскажувачки.“ - Тајмс
Сула
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Тони Морисон
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Изгубената ќерка
Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..
392 ден 490 ден
Равенка на стравот
"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета..
225 ден 300 ден
Еднаш и Тогаш
„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да г..
360 ден 450 ден
Дванаесетте соби на Нил
Тој е женкар и боем, и во тој момент сѐ уште немал напишано ниту еден збор од Госпоѓа Бовари. Таа ќе..
375 ден 500 ден
Ознаки: sula, toni morison
