Moур, средовечен актер, патува низ Европа со својата сопруга и двете мали деца. Посетуваат театарски фестивали на кои целото семејство ги изведува своите претстави. Соочено со сè поголемата омраза кон странците во Западна Европа, актерското семејство решава да се врати дома, во Чешка. Меѓутоа, нивниот пат до дома се претвора во пародична авантура со епски пропорции и митска симболика, често балансирајќи на работ на апсурдното.

Во својот најнов роман Јахим Топол ги крши конвенциите на раскажувањето, ги меша времињата, ги преплетува фантазијата и стварноста, ги претопува ликовите еден во друг – со цел да го наслика културниот, политички и социјален хаос во денешна Источна Европа. Ова е роман за „Дивиот Исток“, преполн со гротескни ликови, црн хумор и жестока општествена критика.

„’Чувствителен човек’ е сатира, делириум, авантура, археологија на збунетото време во кое живееме, а сепак и топло, хумано дело од првата до последната реченица.“ - Die Zeit

„Грандиозно дело што ја исмева и критикува какофонијата на денешното европско општество… Јахим Топол несомнено е еден од најинтересните современи чешки автори.“ - Frankfurter Allgemeine Zeitung

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Чувствителен човек

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Јахим Топол
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 385 ден


  • 1 или повеќе 385 ден

Слични продукти

Крајпатни знаци

Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, о..

Автор:

525 ден 700 ден

Боровите острови

Боровите острови истовремено е поетичен и смешно-ироничен роман за средбата со непознатото. Гилберт ..

Автор:

175 ден 250 ден

Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..

Автор:

560 ден 800 ден

Тил

На почетокот на XVII век, кога историјата и митологијата сè уште се преплетени, кога сè уште не пост..

Автор:

287 ден 410 ден

Ознаки: cuvstvitelen covek, jahim topol