На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
„Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.
„Мирниот островски живот на едно норвешко семејство е доловен преку префинето, возвишено раскажување… ‘Невидливите’ е искрена, брилијантна книга.“ - Financial Times
„Храбро дело кое ја истражува границата меѓу слободата и судбината. Истовремено, тоа е и фасцинантен портрет на едно одамна изгубено време, токму како што и му прилега на едно ремек-дело посветено на детството. “ - Guardian
„Совршено осмислен и прекрасно напишан роман. Иако Јакобсен своите ликови ги гради лаконски и преку скици, тие се неверојатно впечатливи и незабележливо го вовлекуваат читателот во својот мал универзум.“ - New European
„’Невидливите’ е несомнено еден од најважните романи во норвешката книжевност.“ - Irish Times
Слични продукти
Млеко и мед
Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и ..
300 ден
Сидарта
Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!„Сидарта“ е еден од на..
250 ден
Десет прашања за кои науката нема одговор (сè уште)
Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќ..
330 ден
Били Ајлиш
Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката во една неверојатна книга!Били Ајлиш ..
350 ден
Ознаки: nevidlivite, roj jakobsen
