Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.
„Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот.
„’Цел живот’ е дело со застрашувачка убавина. Длабок, мудар и спокоен роман, каков што денес среќаваме сè поретко.“ - The Times
„Секој глас, секој збор, секоја реченица – сè е на своето место, како во нежна, хармонична песна за еден едноставен и исполнет живот.“ - Die Welt
„’Цел живот’ е мало, но неверојатно моќно ремек-дело. Навистина е зачудувачки како Зеталер успева да ја раскаже целата оваа голема и длабока приказна со толку едноставна проза и на толку малку страници.“ - Daily Mail
Слични продукти
Сто љубовни сонети
„...со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста..
300 ден
Разговори во Париз
Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..
400 ден
Вернон Субутекс
Напишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маес..
350 ден
Живот наспроти се
Посилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесуваЕдинаесет месеци по ослободув..
280 ден
Ознаки: cel zivot, robert zetaler