Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.

„Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот.

„’Цел живот’ е дело со застрашувачка убавина. Длабок, мудар и спокоен роман, каков што денес среќаваме сè поретко.“ - The Times

„Секој глас, секој збор, секоја реченица – сè е на своето место, како во нежна, хармонична песна за еден едноставен и исполнет живот.“ - Die Welt

„’Цел живот’ е мало, но неверојатно моќно ремек-дело. Навистина е зачудувачки како Зеталер успева да ја раскаже целата оваа голема и длабока приказна со толку едноставна проза и на толку малку страници.“ - Daily Mail

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Цел живот

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Роберт Зеталер
  • Достапност: На залиха
  • 260 ден
  • 182 ден


  • 1 или повеќе 182 ден

Слични продукти

Жените на Карантина

Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската лит..

Автор:

280 ден 400 ден

Невидливите

На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само ед..

Автор:

259 ден 370 ден

Книжевна конференција

Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елеме..

Автор:

161 ден 230 ден

Ваби - Саби

Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.С..

Автор:

256 ден 320 ден

Ознаки: cel zivot, robert zetaler