Мередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.

Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.

Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ленинградска зима

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Кристин Хана
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден


Слични продукти

Првата вечерна ѕвезда

Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот ..

Автор:

440 ден

Божиќна романса

Моли и Ендру се обидуваат да стигнат дома во Ирска за Божиќ, кога поради страшно невреме им го откаж..

Автор:

500 ден

Убавината на скршените нешта

Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа..

Автор:

390 ден

Грешката

Тој е вистински играч и тоа не само во хокејската арена…Студентот од трета година, Џон Логан, може д..

Автор:

450 ден

Ознаки: leningradska zima, kristin hana