По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.
Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, и дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато. За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Гленди Вандера
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Кога верувавме во сирени
Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.Пред многу ..
400 ден 500 ден
Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав
Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што зн..
315 ден 450 ден
Ловец на спомени
„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна прика..
263 ден 350 ден
Ознаки: kade sto sumata se srekjava so zvezdite, glendi vandera
