Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат и ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети...
„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.
Невидливиот живот на Ади Лару
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: В.Е.Шваб
- Достапност: На залиха
- 560 ден
-
448 ден
-
- 1 или повеќе 448 ден
Слични продукти
Мостот на Клеј
Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мај..
293 ден 390 ден
Подарок за сеќавање
Дарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во н..
323 ден 430 ден
Над дождот
Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..
443 ден 590 ден
Колекционер на повреди
Ме полеваше со сè што е потребно за опстанок, со сè лажно што го собра од светот злобен, а моите очи..
210 ден 300 ден
Ознаки: nevidliviot zivot na adi laru, svab
