Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!

„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.

Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.

Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето. 

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сидарта

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Херман Хесе
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден
  • 200 ден


  • 1 или повеќе 200 ден

Слични продукти

Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..

Автор:

560 ден 800 ден

Круг

Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијали..

Автор:

300 ден 400 ден

Сердарот

Григор Прличев (1830–1893) бил еден од најзначајните македонски преродбеници, поет, преведувач ..

Автор:

105 ден 150 ден

И така, ви велам...

Автобиографијата на Џон Клиз, "И така, ви велам..." е сето она што се очекува од нејзиниот автор – л..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: sidarta, herman hese