Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните.
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“ - Тајмс, Велика Британија
Лажливиот живот на возрасните
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Елена Феранте
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Нултиот час
Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..
375 ден 500 ден
Принцезата Бари
Принцезата Бари е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти сво..
315 ден 450 ден
Тагата на самурајот
Не можеме да побегнеме од она што сме. Секогаш кога ќе се погледнеме во огледало, секојпат кога ќе п..
368 ден 490 ден
