На островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор...
Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.
„Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ - Сиетл викли
Девојката што пишуваше на свила
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Кели Естиз
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Книгољупци
Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…Сиот живот на Нора Стивенс ..
413 ден 550 ден
Еден незаборавен Божиќ
За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената сре..
293 ден 390 ден
Мајки и ќерки
Кога сопругот на Наоми почина, таа мислеше дека нејзиниот живот веќе завршил. Две години подоцна таа..
413 ден 550 ден
