Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот. Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден. Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне.

Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда за мир или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека Језидите ќе бидат избришани од лицето на земјата, а имало моменти кога и таа почнала да верува во тоа. Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Оваа книга е повик за дејствување, сведоштво за неуништувачката волја за преживување, љубовно писмо за изгубената држава, кревката заедница и семејствата разорени од војната.

Нобелова награда за мир за 2018 година.

Трогателна исповед на некогашната заробеничка на исламската држава.

Инспиративна животна приказна на храбра девојка што одбила да молчи. 

Со предговор на Амал Клуни.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Последната девојка

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Надија Мурад
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Се помалку човек

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на ч..

Автор:

200 ден 250 ден

Распаметен

Оваа книга открива:- Зошто треба да престанете со брејнсторминг- Зошто да се биде нормален е лошо за..

Автор:

240 ден 300 ден

Мистикот Јунг

Оваа нова биографија на Карл Густав Јунг ја пополнува празнината во нашето сфаќање и разбирање на ос..

Автор:

338 ден 450 ден

Нека играат децата

„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..

Автор:

225 ден 300 ден

Ознаки: poslednata devojka, nadija murad