Роман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас!

Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата?

Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето.

Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тоа бевме ние

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Голназ Хашемзаде Бунде
  • Достапност: На залиха
  • 300 ден
  • 225 ден


  • 1 или повеќе 225 ден

Слични продукти

Атмосфера

Џоан Гудвин отсекогаш гледала кон ѕвездите. Професорка по физика и астрономија, задоволна со мирниот..

Автор:

392 ден 490 ден

Неговите бели ракавици

Сеќавањето е лажливо... Страста е ѓаволска работа. Нема ниту да трепнеш, а таа ќе помине и ќе остане..

Автор:

293 ден 390 ден

Катананхе

Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зград..

Автор:

266 ден 380 ден

Остани

Лукас е четиринаесетгодишно момче кое расте во дисфункционално семејство, додека неговиот брат води ..

Автор:

322 ден 460 ден

Ознаки: toa bevme nie, golnaz hasemzade bunde