„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на едно заводливо патување во своето детство и младост. Приказна за момче што расте во разрушените улици на воениот Ерусалим во 1940-тите и во 1950-тите години, во мал стан пренатрупан со книги на многу јазици. Трагична историја на едно наизглед нормално и среќно семејство. Животот на Амос засекогаш се менува по самоубиството на неговата мајка кога тој имал само 12 години. Оз е човек што ги остава зад себе ограничувањата што му ги поставуваат семејството и неговата заедница задоена од дневна политика и наследените култура и религија. Тој го менува своето име, се жени, основа семејство и се вклучува активно во политичкиот живот на својата нација. Лична и потресна „must read“ биографија, која ќе ве воодушеви и ќе ве расплаче.
Во 2015 година Натали Портман го режира истоимениот филм. Самата ја толкува улогата на мајката на авторот и зборува на хебрејски јазик.
Приказна за љубовта и темнината
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Амос Оз
- Достапност: На залиха
-
600 ден
Слични продукти
Завеани за Божиќ
Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…Семеен собирОвој Бо..
490 ден
Недела попладне
Малиот Тео расте со сознанието дека не е обично дете, односно дека е „специјален“. Поради тоа, тој м..
370 ден
Без Мерит
Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува ..
420 ден
Афера
Телефонски повик им ги смени животите засекогаш...На Денот на благодарноста, во резиденцијата на Бел..
490 ден
Ознаки: prikazna za ljubovta i temninata, amos oz
