Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.
Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.
Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?
Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.
„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“ - Вашингтон пост
„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара... Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“ - Паблишерс викли
Клара и сонцето
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Казуо Ишигуро
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Нераскажаната приказна за Квин : дали е ова вистинскиот живот?
"Дали е ова вистинскиот живот?" навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите..
350 ден 500 ден
Чуварот во ржта
Секогаш викам „Драго ми е што се запознавме“ на некој што воопшто не ми е драго што сум го запознал...
320 ден 400 ден
Генијот и божицата
Џон Риверс, студент по физика, добива ретка шанса да биде асистент на брилијантниот професор Хенри М..
245 ден 350 ден
Ознаки: klara i sonceto, kazuo isiguro
