Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.
Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива. Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?
Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.
„Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“ - Тудеј
Кога верувавме во сирени
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Барбара О’Нил
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Еднаш и засекогаш
Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..
392 ден 490 ден
Браќа по душа
Алфа и Мадемба се двајца од безбројните сенегалски војници што се борат во Големата војна. Тие ..
293 ден 390 ден
Аферата Кристи
„Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан..
392 ден 490 ден
Палатата со магнолии
Њујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распа..
390 ден 520 ден
Ознаки: koga veruvavme vo sireni, barbara o'nil
