Местото што ги знае сите тајни.
Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите. Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?
Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.
„Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика природата и човечката душа.“ - Њујорк тајмс
„Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“ - Паблишер викли
Хартиената палата
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Миранда Каули Хелер
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Горчливиот вкус на успехот
…И покрај големиот успех во Париз, на лицето на Петра провејуваше една сенка што ги истакнуваше нејз..
263 ден 350 ден
Другата госпоѓа Смит
Овој роман го следи животното искуство на една некогаш многу успешна жена којашто се бори повторно д..
350 ден 500 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Кажа дека не се кае
Патот долг стотици километри за враќање дома ќе биде драматично искуство за пет жени.Доцна пролет, 1..
338 ден 450 ден
Ознаки: hartienata palata, miranda kauli heler
