Дејствието во овој роман сe случува во блиско минато, приказна за една недозволена љубов помеѓу двајца млади кои припаѓаат на различни класи.
Марија е ќерка на богат човек, сопственик на неколку фирми, а Гоце е син на сиромашен рудар. Таткото на Марија не бира средства да ја уништи оваа љубов, бидејќи тој смета дека неговата ќерка треба да се омажи со богат човек, кој ќе го избере лично тој. Поради таа одлука Гоце одлучува да замине да работи во Италија за да може да заработи доволно пари и да стане достоен за Марија пред татко ѝ. Но, Марија сокрива една тајна од Гоце – таа е бремена.
Раѓа близнаци од кои и самата таа е разделена под притисок од нејзиниот татко. Близнаците Емил и Емили се дадени во дом за деца без родители и се посвоени од различни семејства. Гоце во Италија доживува многу тешкотии и падови, се соочува и со смртта. Марија исчезнува. Гоце се враќа во Македонија дури по дванаесет години – дали успева да ја оствари целта – ќе дознаете сами.
Романот „Близнаци“ ќе те натера да се замислиш, како е да се соживееш со ликовите. Има моќ која ќе ве натера да ги проширите видиците и ќе ве поттикне да внесете промена во начинот на кој гледате на животот и светот околу вас.
„Правилото да не судам книга по корицата, колку и да го практикувам, сепак, да признаам, судејќи по истата, во книгава очекував приказна за новороденчиња – близначиња, и на мое огромно задоволство добив многу, многу повеќе. Ми се допадна твојот стил на пишување, читајќи имав чувство дека сум во твое присуство и со филџан кафе си разговараш со мене. Самата приказна умешно си ја проткајала со мистерија и елементи на изненадување, што го задржа моето внимание од прв до последен збор. Најмногу ми се допаѓа што низ приказната цело време се чувствува она нашето, македонското, нашите обичаи, а особено драго ми е за содржината на верските елементи.“ - Марина Кљаијќ
„Во македонската книжевност сè поретки се авторите кои прават напори за заживување на она што се вели наше, автентично, нешто кое е обележје на македонскиот бит. Емилија Златкова – Анастасова со нејзиниот извонреден раскажувачки талент во нејзината втора романескна рожба со примамлив наслов успеа да го сврти вниманието кај поширокиот читателки аудиториум. Вечната тема за забранетата љубов меѓу двајца вљубени на прагот на нивното крунисување со брак од страна на едниот родител читателот го навраќа на некои дела од македонската, претежно драмска литература во која се застапени битовите елементи карактеристични и во овој роман, но овој пат претставен во модерна раскажувачка форма.“ - Томе Постолов
Близнаци
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Емилија Златкова Анастасова
- Достапност: In Stock
- 320 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Луѓето кои ги среќаваме на одмор
Најдобрата романса во светот за 2021 година според распределбата на гласовите на половина милион гла..
338 ден 450 ден
Момчето во пижами на риги
Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моме..
240 ден 320 ден
Разговори со пријатели
Франсис е млада жена со навидум студен карактер и мрачна надворешност, која се занимава со пишување ..
338 ден 450 ден
Засекогаш моја
Кирстин Халберг се стреми кон решавање на работите, страсно прифаќајќи го предизвикот да го пропатув..
343 ден 490 ден
Ознаки: bliznaci, emilija zlatkova anastasova