„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.
Еден по еден
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Крис Картер
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Ноќно пливање
Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и осл..
368 ден 490 ден
Надвор од контрола (амок)
Себастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и зас..
443 ден 590 ден
Скарлетна студија
Првото дело во детективската серија за Шерлок Холмс кој го воведува читателот во неговиот енигматиче..
225 ден 300 ден
Ознаки: eden po eden, kris karter

