"Тетовирачот од Аушвиц" е една од најпродаваните книги на 21-от век. Сега, во најновата книга, Хедер Морис ни претставува инспиративен прирачник за живот, со серија приказни од извонредни луѓе што ги запознала, неверојатните приказни што ги споделиле со неа и лекциите што ги научиле во текот на нивните животи.
Во „Приказни полни со надеж“, Хедер ги истражува нејзините новостекнати таленти како слушател – вештина што ја користела кога првпат се запознала со Лале Соколов, тетовирачот од Аушвиц-Биркенау што воедно ѝ е инспирација за нејзиниот бестселер. Токму оваа способност го убеди Лале да ѝ ја довери својата приказна на Хедер, која ја раскажа во романот „Тетовирачот од Аушвиц“ и вториот роман „Животната приказна на Цилка“.
Хедер ни ја споделува тајната за нејзиното инспиративно пишување, целото патување и писателските искуства од нејзиниот живот, вклучувајќи го и нејзиното длабоко пријателство со Лале и ни открива како научила навистина да ги слуша приказните што ѝ ги кажувале луѓето – вештина за која верува дека сите можеме да ја научиме.
Приказни полни со надеж
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Хедер Морис
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Невидливите бесови на срцето
Поминав толку време туркајќи го чамецот што заборавив да се качам во него. Сега е на отворено море и..
600 ден 750 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Како пердув на ветрот
Понекогаш, еден ден може да обележи цел еден живот...На 12 август 2019 година Виола добива неочекува..
300 ден 400 ден
Градот на победата
Деветгодишната Пампа Кампана прерано ќе се соочи со ужасната суровост на војната и со тежината на за..
462 ден 660 ден
Ознаки: prikazni polni so nadez, heder moris
