Бели ноќи многумина го сметаат за сентиментален роман. Но, тој е многу повеќе од тоа. Јунаците на Достоевски живеат во сиви станбени згради и во нечисти соби за издавање и тие места како судбина ги оковаат во беда од која нема излез до смртта. За да ја зголеми драмската напнатост, Достоевски и дава на својата новела форма на исповед на главните јунаци, кои во прво лице ги изнесуваат своите психички проблеми.
Момчето и девојката кои случајно се среќаваат една ноќ на речниот брег почнуваат да си ги раскажуваат своите животи и да ги изнесуваат пред нас своите очекувања и надежи за подобро утре. Тие се заробеници на својата осаменост и, за да можат да ја преживеат, создаваат необични приказни со кои ја разбиваат монотоноста на животот.
Иако напишана пред повеќе од еден век, Бели ноќи е длабоко современа приказна за отуѓеноста меѓу луѓето и за нивната потрага по подобар живот.
Слични продукти
Истанбул: Сеќавањата и градот
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
450 ден
Бедни луѓе
Безвременска приказна за топлата човечка љубов што ги надминува границите на секоја несреќа. За љубо..
300 ден
Театарски роман
Театарски роман прави мошне прецизна и остра сатира на руското општество меѓу двете светски војни, п..
252 ден
Се гледаме во август
Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана ..
350 ден
Ознаки: beli nokji, fjodor dostoevski