Инспирирано од вистинска застрашувачка приказна од родниот град на авторката, во заедница каде што ништо не е тивко – или безбедно – како што изгледа.
Животот на Кеси Мекдауел во Минесота, во осумдесеттите години на 20 век, изгледа совршено исполнет. Живее на фарма, го сака училиштето и е вљубена во најфиното момче во одделението. Да, тука се и чудните забави на нејзините родители и нивната парада од девијантни гости, но таа е навикната на нив. Сè се менува кога некој ќе дојде на лов во Лилидејл.
Едно по едно, исчезнуваат локални момчиња. Едно по едно, тие се враќаат променети – насилни, нерасположени и повлечени. Она што им се случило станува предмет на шокантни гласишта. Обвинувањата кој би можел да е виновен растат толку диво, што на површина почнуваат да излегуваат опасни тајни од градот. И сестрата на Кеси поминува низ процесот на мрачни промени. Доколку сака да преживее, Кеси мора да го најде нејзиниот пат во светот на возрасните каде што секој грев е оправдан, а само вистината непростлива.
Слични продукти
Мојот драг маж
Џејд и Кам Ласки во секој поглед се среќен брачен пар со две прекрасни деца, простран дом и бизнис с..
590 ден
Човек во лавиринтот
Бран од необична горештина ги присилува сите да го променат својот ритам на животот: сега само во мр..
490 ден
Смрт на Нил
На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како..
380 ден
Убавите девојки танцуваат
Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците..
450 ден
Ознаки: neopislivi nesta, djes lauri
