Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласиштата за чудното наследство на нејзината фамилија. Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб.
Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа – Книгата на спомените што треба да ù помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби. Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верувал во невиноста на Алтеа, таа решава да го исчисти името на нејзината баба. За да го стори тоа, таа треба да реши дали може да го прифати нејзиното наследство и дали ќе ги следи стапките на сите девојки Месечини пред неа.
Последната од девојките Месечини
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Барбара Дејвис
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав
Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што зн..
315 ден 450 ден
(Не)откриената тајна
Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?Животот на Џи..
368 ден 490 ден
Дванаесетте соби на Нил
Тој е женкар и боем, и во тој момент сѐ уште немал напишано ниту еден збор од Госпоѓа Бовари. Таа ќе..
375 ден 500 ден
Приказни полни со надеж
"Тетовирачот од Аушвиц" е една од најпродаваните книги на 21-от век. Сега, во најновата кн..
338 ден 450 ден
