Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв. Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.
Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре. Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка...
Слични продукти
Нештата што не ги преболевме
Брадестиот убавец и зафркнат ерген-фризер сака само тишина. А, добива… невеста во бегство и едно пре..
550 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
450 ден
Последното што тој ми го кажа
Бестселер бр. 1 на "Њујорк тајмс"„Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“), мистерија за..
350 ден
Егоманијак
Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа ..
450 ден
Ознаки: prisestra, djenifer doneli

