„Што работиш?“ Тим Ферис има проблем кога треба да одговори на ова прашање. Во зависност од времето кога ќе го прашате, овој контроверзен предавач на Универзитетот „Принстон“ може да ви одговори: „Возам мотор низ Европа“, „Скијам на Андите“, „Нуркам во Панама“, „Играм танго во Буенос Аирес“…
Повеќе од пет години ги проучувал тајните на новите богаташи, брзорастечката супкултура која го отфрла планот „работи денес за да уживаш на старост“ и ги има совладано новите валути на денешницата – времето и подвижноста – создавајќи луксузни животи во кои уживаат во моментот. Не е важно дали сте преоптоварен работник или претприемач кој не може глава да крене раководејќи го својот бизнис, оваа книга е компасот што ви е потребен за да се снајдете во новиот, револуционерен свет.
Придружете му се на Тим Ферис и откријте како:
– да ги делегирате задачите на виртуелни помошници од странство и да правите што сакате
– обичните работници да патуваат низ светот без да ја напуштат работата
– да ја преполовите работата за 48 часа со принципите на еден заборавен италијански економист
– да го натерате шефот да ја вреднува вашата работа, а не вашето присуство во канцеларијата
– да одите на куси пензионирања во текот на целиот живот, наместо да го чекате крајот на работниот век
– да си ослободите време со селективно незнаење преку режимот со намалување на информации
– извршните директори работат на далечина
– да најдете бесплатно сместување во странство и авионски билети за 50-80% пониска цена
– како да создадете значаен живот откако ќе го намалите обемот на работа и ќе заминете од канцеларијата.
Четиричасовна работна недела
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Тимоти Ферис
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Soulfood сензационален вовед во посреќен живот
Трагајте за хармонија внатре во себе, тогаш сето она по кое трагате ќе најде пат до вас. Можеме да и..
338 ден 450 ден
Учење за карактерот
Во оваа книга Адлер зборува за настанувањето и развојот на карактерот, неговите црти и афектите. Ќе ..
280 ден 400 ден
5 типа богатство
Отфрлете го стандардниот пат, дефинирајте ги вашите приоритети и постигнете трајна среќа со овој пре..
480 ден 600 ден
Патот по кој поретко се оди
Не постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештв..
320 ден 400 ден
Ознаки: cetiricasovna rabotna nedela, timoti feris
