Погледнат низ детските очи светот е енигма често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна овоплотена со сликовит и езотеричен јазик во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц, за кој без сомневање се можни безброј интерпретации.

Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици, претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Малиот принц

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Антоан де Сент-Егзипери
  • Достапност: На залиха
  • 150 ден
  • 120 ден


  • 1 или повеќе 120 ден

Слични продукти

Мирабела и волшебниот хаос

Мирабела е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е вештерка, татко ѝ е виленик, а таа е по малку од дв..

Автор:

280 ден 350 ден

Моите први 100 зборчиња - картонска сликовница

„Моите први 100 зборчиња“ е весела и шарена картонска сликовница од Светот на Биби&nb..

Автор:

306 ден 360 ден

Приказни за добра ноќ на мама Ана 2

Времето за заспивање може да биде еден од најдобрите моменти од денот со нашите најмили. Гушкајќи се..

Автор:

298 ден 350 ден

Како станав мумија

Ако мислевте дека правењето древна египетска мумија е само работа на завиткување на телото ..

Автор:

420 ден 600 ден

Ознаки: maliot princ, antoan de sent egziperi