Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
Момчето во пижами на риги
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џон Бојн
- Достапност: На залиха
- 320 ден
-
240 ден
-
- 1 или повеќе 240 ден
Слични продукти
Убавата султанка
Само таа знаеше како да ја разгори страста на најмоќниот и стана единствената Французинка – царица н..
315 ден 450 ден
Ловејќи го ветрот
Што се случи со Брижит Бертхолд?Тоа прашање го прогонува Даниел Витез уште од неговата тринаесетта г..
315 ден 450 ден
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
375 ден 500 ден
Ознаки: momceto vo pizami na rigi, djon bojn

