Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стихови кои ги опеваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите од нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, тука се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои достигнуваат нови длабочини и ни откриваат несетени димензии. Зашто добрата поезија не познава граници и временски ограничувања.
Овие страници се полни со гроздови зрела духовна и контемплативна поезија, кои нудат допир со божественоста откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои ги отвораат срцето и душата за сеопшта љубов која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои. Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по нејзиното создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.
Слични продукти
Жените на Карантина
Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската лит..
400 ден
Детето во снегот
Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“...
200 ден
А Бабукар одеше на чело
„А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африк..
260 ден
Образована
Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докт..
500 ден
Ознаки: golemata crvena kniga, djelaludin rumi
