#2 Миа Кригер и Холгер Мунк

Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.

Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…

Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Бувот лови само ноќе

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Самуел Бјорк
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


Слични продукти

Признание

Една ноќ, непознат маж влегува во луксузниот дом на поз­натиот банкар и тајкун Хари Макнамара и него..

Автор:

344 ден 430 ден

Невидлива

Рејчел е средовечна жена во менопауза. Таа во цутот на нејзината младост била сон на секој маж. Од м..

Автор:

368 ден 460 ден

Островот на пеликаните

Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..

Автор:

320 ден 400 ден

Фатена на дело

Бескрајни денови со лоша фризура; не еден, туку два романтични преплета; себична колешка од работа –..

Автор:

336 ден 420 ден

Ознаки: buvot lovi samo nokje, samuel bjork