Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно. Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот.
Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација. Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.
Четирите ветришта
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Кристин Хана
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Заговорот на Тудорите
Каква судбина кралицата Мери ѝ крои на сестра си, Елизабета?Дали Роберт Дадли сè уште се обидува да ..
413 ден 550 ден
Шумот на времето
Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се..
259 ден 370 ден
Животот што го посакуваше
Од зад завесите, Сара кришум го набљудуваше младиот брачен пар како излегува од куќата. Беше невооби..
343 ден 490 ден
Ознаки: cetirite vetrista, kristin hana

