Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и срамежлив читател кој живее на островот Гернзи. И додека таа бара инспирација за пишување, не се ни надева дека ќе ја добие токму од овој мистериозен читател кој не го ни познава.

Додека Џулија и нејзиниот дописник разменуваат писма, таа е вовлечена во светот на овој човек и неговите пријатели, кои за време на војна се обединуваат и формираат литературно друштво: каде и неуките стануваат љубители на книги и пити на островот каде што живее мистериозниот читател – Гернзи. Многу поезија и малку алкохол во време на војна придонесува да се опуштат и да го прекршат полицискиот час кој е спроведен од Германците, кои го окупирале нивниот остров: илјадници жени биле оставени без храна и вода да пешачат километри во смртен марш, полињата биле опустошени и немало храна. На германските окупатори поважен им бил животот на прасињата отколку на луѓето. Доколку некое прасе умре, тие биле приморани да ја известат војската, во спротивно добивале смртна казна бидејќи стоката се чувала за да ги нахрани само германските офицери. Ова сплотено друштво, лесните маки ги опишува, но тешките ги премолчува. Тие и во време-невреме успеваат да се спасат, просветлувајќи се со книги и гостејќи се со богати вечери со прасечко и пити.

Џулија е воодушевена од нивните исповеди. Таа сака уште повеќе да знае за жителите на тој остров, за нивниот вкус на книги и влијанието на германската окупација врз нивните животи. Фасцинирана од нивните приказни запловува кон островот Гернзи, и тоа што го наоѓа таму, ја менува засекогаш.

Топла историска драма за време на војна, каде книгите стануваат најмоќно оружје...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Литературно друштво за книги и пити од островот Гернзи

  • Издавачка куќа: Книгохоличари
  • Автор: Мери Ен Шефер
  • Достапност: На залиха
  • 460 ден


Слични продукти

Врати ми се

Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси! Такво беше мислењето на Мери..

Автор:

490 ден

Пуританската принцеза

Осумнаесетгодишната Френсис, најмладата ќерка на Оливер Кромвел, водач на парламентарните сили во&nb..

Автор:

600 ден

32 март

Еден ден, откако доживеа нешто што длабоко jа вознемири и ѝ предизвика големо страдање, Барбара реши..

Автор:

590 ден

Во нечии други чевли

Приказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки, ова е новиот роман од најпродаваната авт..

Автор:

550 ден

Ознаки: literaturno drustvo za knigi i piti od ostrovot gernzi, meri en sefer