Најновата книга од серијалот за седумте сестри „Загубената сестра“ е последна во низата за сестрите Д'Аплиез. Секоја од шесте сестри доживеала неверојатно патување за да го открие своето патување. Но, се уште останува прашањето; која е седмата сестра во семејството и каде е? 

Сестрите Д'Аплиез ќе го превртат светот за да ја најдат. Тие имаат една индиција - цртеж на ѕвездовиден смарагден прстен. Барањето на загубената сестра ќе ги одведе низ целиот свет - од  Нов Зеланд до Канада, Англија, Франција и Ирска, обединувајќи ги сите во една мисија; да го соберат целото семејство на едно место. На тој начин сестрите Д'Аплиез ќе се судрат со една моќна приказна за љубов и пожртвуваност што започнала речиси пред сто години. Приказна која ќе го доближи читателот до епското финале на сагата Седумте сестри...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Загубената сестра

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Лусинда Рајли
  • Достапност: На залиха
  • 630 ден


Ознаки: zagubenata sestra, lusinda rajli