„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа... Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав."

Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.

„Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сонцето повторно изгрева

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Ернест Хемингвеј
  • Достапност: На залиха
  • 390 ден
  • 312 ден


  • 1 или повеќе 312 ден

Слични продукти

Белата тврдина

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..

Автор:

288 ден 360 ден

Страдањата на младиот Вертер

Вертер е чувствителен млад човек, кој се преселува во мало гратче каде што ја запознава и се заљубув..

Автор:

225 ден 300 ден

Писма од стоикот

Најсреќен е оној човек кому среќата не му е потребна, а најсилен и најмоќен е оној што владее со сам..

Автор:

240 ден 300 ден

Нов живот

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..

Автор:

336 ден 420 ден

Ознаки: sonceto povtorno izgreva, ernest hemingvej