Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста.

Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат?

Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.

Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.

Со избирањето храброст наместо совршенство, можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме...

Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени, сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Храбри наместо совршени

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Решма Саџани
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 280 ден


  • 1 или повеќе 280 ден

Слични продукти

Алгебра на богатството

Среќа не е да го имаш она што го сакаш, туку да го сакаш она што го имаш. Треба да имаш вистинска ст..

Автор:

440 ден 550 ден

Владеење со себеси

Владеењето со себеси ја подразбира моќта да се постигне најмногу и најдоброто од себе, а искористува..

Автор:

210 ден 300 ден

Може оној што верува дека може

Кој може да го победи силниот човек кој верува во себеси? Бидете сигурни дека вашиот успех никогаш н..

Автор:

280 ден 400 ден

Зошто живееме?

Адлер, во „Зошто живееме?“ ни помага да создадеме наше значење за нашиот живот. Тој испитува различн..

Автор:

280 ден 400 ден

Ознаки: hrabri namesto sovrseni, resma sadjani