Покојниот Ричард Абернети нема јасен наследник на неговиот имот, така што остава тестамент за поделба на богатството меѓу повеќе членови на неговото семејство. Собрани во Ендерби хол, викторијанската куќа на Абернети, наследниците се во очекување на објавата на тестаментот. Во таа пригода, атмосферата ја нарушува една забелешка на Кора Ланскенет, помладата сестра на Абернети, која вели: „Но, тој беше убиен, нели?“

Сите во семејството се вознемирени од оваа изјава, бидејќи Ричард Абернети се сметал за починат од природна смрт,  но вистинскиот шок следува следниот ден кога ја наоѓаат Кора брутално убиена во својот дом. Господинот Ентвисл, семеен адвокат и извршител на тестаментот, го повикува својот пријател и славен детектив Херкул Поаро да помогне во расветлување на случајот...

Романот „По погребот“, објавен во 1953 година, е приказна со интересни пресврти и необичен завршеток, каде што повторно до израз доаѓа генијалноста на Поаро, но, освен криминалистичкиот аспект во ова дело, авторката дава и увид во животот на Англија по Втората светска војна и нејзиното влијание врз општеството.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

По погребот

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Совршеното дете

Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен ..

Автор:

360 ден 450 ден

Токио

Греј е во Токио во потрага по изгубен филм, што ги прикажува настаните од Нанкинг. Велат дека филмот..

Автор:

353 ден 470 ден

Илузија

Декември е во Стокхолм. Шведскиот министер за правда е во опасност. Анонимна телефонска порака го из..

Автор:

525 ден 700 ден

Сивиот човек

Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на Нетфликс.Корт Гентри е до..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: po pogrebot, agata kristi