Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку како работа? Дали сте артист што се обидува да го заземе своето место под фриленсерското небо? Дали би сакале да го надополните вашиот живот со повеќе креативност и авантура? Дали сте подготвени за книга што е водич за личен развој, а истовремено комбинира и теми од областа на уметноста, психологијата и филозофијата, со цел да ви служи дополнително како гориво за развој и на вашата кариера? Ова е книгата што ќе биде вашиот водич на патот кон успехот.
Напишана e од режисерот Кристиан Шемко, кој уморен од скитничкиот живот и од безделничењето низ светот, пред повеќе години од Австралија се досели во Македонија и реши тука да ја започне својата кариера како филмејкер, но и одново да се пронајде себеси и својот живот да го живее со поголема страст.
„Како да станеш фриленс артист“ е книга наменета за сите артисти и креатори што секојдневно созреваат, творат, иновираат и го движат општеството напред. Ова е книга за сите оние што ќе решат да одат по фриленсерскиот пат – кои го одржуваат умот отворен, изнаоѓаат волја за креирање нови нешта и ја потхрануваат желбата за постојано надградување...
Како да станеш фриленс артист
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Кристиан Шемко
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Диви Гуски
Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и та..
203 ден 290 ден
Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат
"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..
560 ден 800 ден
Разговори во Париз
Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..
300 ден 400 ден
Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија
„Цепај сине“ е толковен заебантски речник у манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе..
288 ден 360 ден
