Чејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со приказна што ги поврзува историјата и сегашноста со романса и мистерија.

Северна Каролина 2018 година: Поради злосторството што не го сторила, животот на Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен посетител не ѝ даде понуда што ќе ја ослободи од затворот. Нејзината задача е да реставрира еден стар мурал пред платото на поштата во едно мало заборавено гратче. Морган не знае ништо за реставрација, но, очајна за да биде слободна, таа прифаќа. Она што таа го наоѓа под слоевите од нечистотија е слика што раскажува приказна за лудилото, насилството, заговорот и тајните на тоа мало гратче.

Северна Каролина, 1940 година: Ана Дејл, уметник од Њу Џерси, победи на националниот натпревар за сликање мурал за поштата во Идентон, Северна Каролина. Поради големата потреба од работа, таа прифаќа да го слика муралот. Но, она што таа не го очекува е дека ќе се најде во град каде што предрасудите се преголеми, каде што луѓето кријат тајни зад затворени врати и каде што цената за различноста може да заврши со убиство. Што се случи со Ана Дејл? Дали трагите се кријат во насликаниот мурал? Може ли Морган да ги надмине сопствените демони за да ги открие големите лаги?

„Роман за уметноста и тајните… беспрекорно раскажан… со шокантен крај.“ – „Пипл”

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Големи лаги во мал град

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Дијана Чејмберлен
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Еднаш и Тогаш

„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да г..

Автор:

450 ден

Пловејќи на Еџ

Пловејќи на Еџ ја раскажува приказната за Емералд Лејк Висер, несреќна четиринаесетгодишна девојка, ..

Автор:

350 ден

Сестри на сончогледите

Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони..

Автор:

650 ден

Продавачот на сладолед

Барајќи спас, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во пр..

Автор:

400 ден

Ознаки: golemi lagi vo mal grad, dijana cejmberlen