Роман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина. Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.

Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава, не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден.

Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема. Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.

„Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“

„Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс”

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Семејството на горниот кат

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Лиса Џул
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 368 ден


  • 1 или повеќе 368 ден

Слични продукти

Демнач во ноќта

Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ ушт..

Автор:

368 ден 490 ден

Одмаздата на Тудорите

Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù п..

Автор:

413 ден 550 ден

Но и јас

Лу Бертињак има 13 години, коефициент на интелигенција 160 и способност внимателно да ги набљудува л..

Автор:

225 ден 300 ден

Патот што го одбрав

Добитник на Романијада 2019 година е ракописот „ПАТОТ ШТО ГО ОДБРАВ“ на младата и талентирана Ангела..

Автор:

225 ден 300 ден

Ознаки: semejstvoto na gorniot kat, lisa djul