Ексклузивна биографија на Стив Џобс, напишана со негова целосна соработка. Врз основа на повеќе од четириесет интервјуа со Стив Џобс направени во тек на цели две години – како и врз основа на интервјуа со над сто негови роднини, пријатели, непријатели, ривали и колеги – оваа книга е хроника на неговиот возбудлив живот и див карактер, приказна за креативниот претприемач кој се стремеше кон совршенство и му се предаваше на својот немирен, интуитивен порив, житие за човекот кој успеа да изврши револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет- компјутерите и дигиталното издаваштво.

Во време кога општествата од целиот свет се обидуваат да изградат економија што ќе биде во тек со дигиталната ера, Џобс е иконата за креативност и применета имагинација. Знаеше како да создаде вредност во дваесет и првиот век: ја поврза имагинацијата со технологијата, создаде компанија во која креативноста беше на исто ниво со високата технологија. Џобс е искрен, можеби и претерано искрен, за луѓето со кои работеше, соработуваше и се натпреваруваше на пазарот. Исто така, неговите пријатели, непријатели и колеги нудат искрени прикази за она што го сакаше и го мразеше, за неговите демони, за перфекционизмот, за желбите, мајсторството, ѓаволштините и опседнатоста со контрола, сето она што ги обликуваше неговиот пристап кон работата и иновативните производи што резултираа од вложениот труд.

Знаеше да ги разбесни и да ги фрли во очај блиските. Но неговиот карактер и производите што ги создаваше беа тесно поврзани, исто како што се поврзани хардверот и софтверот на производите на „Епл“. Неверојатната приказна за животот и делото на Стив Џобс е токму оваа мајсторски напишана биографија, исполнета со лекции за иновација, карактер, вредности и раководство.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Стив Џобс

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Волтер Ајзаксон
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден
  • 488 ден


  • 1 или повеќе 488 ден

Слични продукти

Татковина

„Татковина“ е приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себа..

Автор:

343 ден 490 ден

Преобразба

Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената с..

Автор:

245 ден 350 ден

Неугодноста на квечерината

Наближува Божиќ и десетгодишната Јас е загрижена за својот зајак, зашто мисли дека нејзините родител..

Автор:

203 ден 290 ден

Недрамски дела

„Но таа што никогаш не ги разбрала таквите очи,и не ги сфатила пораките од погледите блудни,и никога..

Автор:

210 ден 300 ден

Ознаки: stiv djobs, volter ajzakson