Џек е петгодишно момче кое не знае ништо за реалниот свет – надвор. Тој и неговата мајка живеат во заробеништво, во соба. Неговата мајка е негова реалност. Таа не сакајќи да го повреди со суровата реалност измислува разноразни игри кои ги играат заедно во тие четири ѕида, убедувајќи го дека остатокот од светот постои само на ТВ. Освен неговата мајка, единствена друга личност која ја видел е нивниот киднапер „Олд Ник“, кој ја посетува собата само ноќе, додека тој спие скриен во гардеробер.
Собата претставува дом за петгодишниот Џек, а за неговата мајка е затвор во кој живее веќе со години. И покрај безрезервната љубов којашто ја чувствува за својот син, таа инсценира план за бегство, каде на ризик го изложува нејзиниот син – нејзината надеж за спас. Но, колку рационално може да размислува жена која е затворена со години?
„Соба“ е шокантна приказна за издржливоста и храброста на мајчинската љубов, која секогаш успева да најде зрак светлина на крајот од тунелот.
Слични продукти
Карпа на бесилките
Уште една воодушевувачка приказна за морбидното насилство и одмаздата.На едно мрачно вулканско поле ..
320 ден 400 ден
Изворите на В’лтава
„Изворите на В’лтава“ базично му припаѓа на детективскиот жанр, но се надоградува како историско-пол..
320 ден 400 ден
Островот на пеликаните
Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..
320 ден 400 ден
Ознаки: soba, ema donohju