Вечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар прв впечаток. Се криев во ходник пред тоалетите во еден ресторан за да и оставам порака на мојата најдобра другарка да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков да си брка негова работа на тоа високо, арогантно, згодно копиле и си се вратив на мојот состанок.
Кога помина покрај мојата маса, цинично се насмевна и го гледав како самобендисано се враќа на масата кај неговата придружничка. Толку бев изиритирана од неговата дрскост, што не можев да не ѕиркам повремено во негов правец во текот на вечерта. И се разбира, ме забележа повеќе од еднаш и ми намигна.
Кога згодниот непознат маж и неговата подеднакво секси девојка одеднаш дојдоа на нашата маса, мислев дека ќе ме издаде. Но тој се преправаше дека се знаеме и почна да раскажува детални, засрамувачки приказни од нашето фиктивно детство. И мојот здодевен состанок одеднаш стана бизарно возбудлив. Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Мислам, колкави се шансите да налетам на него во град со осум милиони луѓе? Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
Шефот од соништата
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Вај Киленд
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Ајде погледни ме сега
Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“. Но, кога ќе остане без р..
315 ден 420 ден
Невидлива убавина
Емброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои гор..
338 ден 450 ден
Бессони во Менхетен
Мојата љубовна приказна започна со писмо. Но, не од човекот во кого подоцна се вљубив. Писмото беше ..
338 ден 450 ден
Неговите тајни
Крис стана нејзин живот, нејзино срце, нејзина душа. Но, тој е мрачен и оштетен. Неговите тајни се м..
329 ден 470 ден
Ознаки: sefot od sonistata, vaj kilend

