Секој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот му ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму. А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што е тоа што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои нѐ погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен.
Токму таквите луѓе со лузни на душата се инспирација за оваа книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати во текот на долгогодишната работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.
Куклата на Ана
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Наде Стојилковиќ
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
200 ден
Слични продукти
Умрев за да оживеам
Билјана е родена, растена, воспитувана и мажена во македонско планинско и зафрлено село. Физичката с..
256 ден 320 ден
Писатели и љубовници
Скршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна врска, Кеј..
288 ден 360 ден
Дете на правта
Сместен во Виетнам, романот нè води во животите на неколку ликови врз кои војната оставила длабока т..
360 ден 450 ден
Искра надеж
Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната.По уништувачкото..
392 ден 490 ден
Ознаки: kuklata na ana, nade stojilkovikj