"Речиси нормално семејство" е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одговориме на очекувањата на нашите сакани...

Осумнаесетгодишната Стела Сандел е обвинета за свирепо убиство на еден повозрасен човек. За една обична тинејџерка од угледно семејство тешко е да се поверува дека го познавала сомнителниот бизнисмен, а уште потешко дека го убила.

Раскажана од перспектива на тројцата главни актери, оваа возбудлива драма ja става на тест издржливоста на едно семејство. Таткото, пастор, верува во невиноста на ќерка му и покрај сѐ поголемиот број докази против неа. Мајката, адвокатка, верува дека никој не ја кажува вистината. Очајната ќерка верува дека никој не разбира на што сѐ е подготвена за да ги оствари сопствените соништа. А сите тројца сфаќаат дека тоа што ги сплотува не е љубовта: туку лагите.

Роман кој ги става на тест верноста и моралот. Дали сме обврзани да ги браниме членовите на сопственото семејство дури и кога знаеме за нивната вина? Дали сите се такви какви што се претставуваат? И што сме подготвени да ризикуваме за да ги зачуваме нашите животи какви што се?

„Ремек-дело што не ќе можете да го пуштите од раце.“ – Волстрит џурнал

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Речиси нормално семејство

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: М. Т. Едвардсон
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 400 ден


  • 1 или повеќе 400 ден

Слични продукти

Благосостојба

Празничната сезона го обземa Вашингтон, но во Метрополитенската полиција предмет на истрага станува ..

Автор:

368 ден 490 ден

Последното нешто што ми го кажа таа

Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..

Автор:

315 ден 420 ден

Мојот драг маж

Џејд и Кам Ласки во секој поглед се среќен брачен пар со две прекрасни деца, простран дом и бизнис с..

Автор:

443 ден 590 ден

Под ѓаволовиот мост

Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред пове..

Автор:

392 ден 490 ден

Ознаки: recisi normalno semejstvo, edvardson