Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Се работи за случај што комплетно ги збунува и припадниците на полицијата Скотланд јард. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите?

Овој случај изобилува со низа необични елементи што треба успешно да се поврзат за да избие вистината на површина, затоа што, како што вели Поаро, „секој од нас е мрачна мистерија, лавиринт во кој меѓусебно се борат разни страсти, разни желби, разни склоности“.

Романот „Смртта на Лорд Еџвер“, објавен во 1933 година, е роман чијашто приказна претставува една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Исто така, ова дело е едно од првите филмувани дела на Агата Кристи, уште во 1934 година.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лорд Еџвер е мртов

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Ја слушнавте ли лагата?

Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси..

Автор:

440 ден 550 ден

Длабоко во ноќта

Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш....

Автор:

413 ден 550 ден

Последното нешто што ми го кажа таа

Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..

Автор:

315 ден 420 ден

Птичар

Гринич, југоисточен Лондон: Откако откриваат нешто грозоморно, нервозните детективи на ЦИД го с..

Автор:

443 ден 590 ден

Ознаки: lord edjver e mrtov, agata kristi