Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит.

Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи.

Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не и успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Без Мерит

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Колин Хувер
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден
  • 336 ден


  • 1 или повеќе 336 ден

Слични продукти

Кукларот

Јакоп е осаменик и чудак од раѓање, слеп патник во секое друштво. Оди на погреби на непознати луѓе, ..

Автор:

300 ден 400 ден

Фати го зајакот

„Фати го зајакот“ е приказна за две жени и нивното сложено пријателство. Дванаесет години по нивната..

Автор:

203 ден 290 ден

Семејството сепак останува

„Семејството сепак останува“ е роман за извртени бракови, распаднати семејства и смртоносн..

Автор:

368 ден 490 ден

Разоткривање

Во "Вкусот на гревот" и во продолжението "Разоткривање" на овој бестселер, секоја реченица е храбра,..

Автор:

368 ден 490 ден

Ознаки: bez merit, kolin huver