Неверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.
Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти. Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.
Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.
Последна станица Аушвиц
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Еди де Винд
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Одмаздата на Тудорите
Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù п..
413 ден 550 ден
Девојката од прозорецот
Романот по кој се снимени сериите "Девојката од прозорецот" и "Мојот дом".Ги познаваме по очите луѓе..
323 ден 430 ден
Сиракот од Варшава
Варшава, 1942 година: младата Елзбиета живее удобен живот со родителите кои ја посвоија. Таа не може..
336 ден 480 ден
Ознаки: posledna stanica ausvic, edi de vind
